Морничави детали од убиството на Данка Илиќ: Ја удриле со автомобил, ја ставиле во багажникот и ја фрлиле во депонија

За жал, потрагата по исчезнатиот Данка Илиќ (2) имаше трагичен крај. Најмрачните сомнежи на семејството и на јавноста се остварија, а утрово две лица се уапсени под сомнение дека со автомобил убиле мало девојче, а потоа телото го фрлиле во дива депонија покрај „Старобањски пут“ кај Бор.

Криминалистичката полиција од Бор ги приведе работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

-С.Ј е осомничен дека со своето службено возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишното девојче Данка, на улица „Радомира Путника“ и ја убил. Заедно со колега од Д.Д., телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде што телото го исфрлиле на десната страна од патот – вели извор зс српскиот портал Курир близок до истрагата.

С.Ј е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д за помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција на ПУ Бор укажува дека сè се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако исчезна девојчето, се вели во пријавата на мајката.

– С.Ј е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото ја удрил девојката и ја убил – вели извор од истрагата.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и’ и брат и’ и оттогаш и’ се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за првпат во Србија е активиран системот „Најди ме“.