Морничави сцени во Холандија: Тепачка изби меѓу навивачите на Ајакс и Брајтон пред натпреварот

Фудбалерите на Ајакс му гостуваа на тимот на Брајтон во натпреварот од четвртото коло во Лига Европа кој се играше во Амстердам.

Пред натпреварот, Брајтон беше на првата позиција со победа, реми и пораз, додека Ајакс е на последното место со две нерешени и еден пораз.

На околу еден час пред натпреварот, на железничката станица настанала тепачка меѓу неколку навивачи на двата тима.

Едната група навивачи чекала на вратата од возот, додека другата учествувала во тепачката. За среќа, присебните луѓе успеале да ја смират ситуацијата и да ги раздвојат двете страни.