Морничави сцени од Тбилиси! Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите, пиротехника лета на сите страни (ВИДЕО)
Грузиската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера проевропските демонстранти во Тбилиси, кои протестираат шести ден по ред.
Водните топови накратко предизвикаа паника, но демонстрантите брзо продолжија со пукање со пиротехнички средства и огномети кон полицијата, која потоа употреби солзавец.
Неколку илјади луѓе се собраа вчера во Тбилиси и други градови во Грузија на демонстрации против владата, која ја сметаат за проруска и антиевропска.
Уличните демонстрации, кои собраа илјадници демонстранти неколку ноќи по ред, беа поттикнати од одлуката на владата да ги одложи амбициите на земјата за влез во Европската унија до 2028 година.
Грузија, поранешна советска република, е во превирања по парламентарните избори одржани на 26 октомври, на кои победи владејачката партија Грузиски сон на власт од 2012 година. Сепак, опозицијата ги осуди изборните нерегуларности и ја бојкотира работата на новиот парламент .
Уставниот суд на Грузија вчера го одби барањето за поништување на парламентарните избори.