Морничави сцени од фронтот! Маринците ги построија еден до друг и ги стрелаа: Невиден хорор во Кринки (видео)

Украинскиот омбудсман Дмитриј Лубинец покрена истрага за наводното воено злосторство во селото Кринки во Херсонската област!

На застрашувачкото видео, кое е објавено на Телеграм, се гледаат телата на тројца украински војници, распоредени едни до други, и во нив пука некој од непосредна близина.

На видеото наводно се гледаат телата на припадниците на Маринскиот корпус на вооружените сили на Украина.

Не е познато кога е направена снимката.

Маскирање

– Околностите за убиството се непознати, но во секој случај тоа е кршење на Женевската конвенција. Светската заедница мора да и’ даде јасен сигнал на Русија. Трагите на воените злосторства не можат да се сокријат и воените злосторства немаат застареност. Убијците и командантите кои издале криминални наредби ќе бидат на обвинителна клупа – вели Лубинец и додава дека Украина испратила официјални писма до ОН и до Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

За ужасната снимка се огласи и од канцеларијата на јавниот обвинител на Украина.

– Претставник на Руската Федерација може да се забележи како истрелува неколку истрели, најверојатно од автомат, кон невооружени воени лица – соопшти обвинителството.

Во моментов не е јасно дали на видеото се гледа пукањето или некој потоа пука во загинатите војници. Одредени руски воени канали на Телеграм, кои го пренесоа видеото, наведуваат дека се работи за вообичаено чистење на теренот и проверка дали можеби телата се минирани.

Да потсетиме, аналитичарот на Билд, Џулијан Репке, неодамна објави видео на кое наводно се гледа како припадници на украинските сили убиваат ранети Руси.