Кралското семејство строго ги избегнува овие 4 намирници: Меѓу нив и храната која Македонција ја обожаваат (фото)

Британското кралско семејство избегнува четири намирници, меѓу кои најчестите како кромид и лук, но и школки поради ризик од труење, како и францускиот деликатес „fois gras“ – паштета од гуска или патка направена од мрсна живина.

Поранешниот кралски готвач Џон Хигинс претходно изјави дека не готват со лук во Бакингемската палата.

Тоа правило, кое главно е на сила за време на кралските настани и државните прослави во Велика Британија и во странство, го потврди и кралицата Камила во 2018 година на MasterChef Australia, објави Дејли експрес.

Камила Паркер Боулс

Поранешниот батлер на кралот Чарлс Трети, Грант Харолд претходно откри дека кралското семејство морало да внимава со школките поради можното труење кое би можело да им пречи на нивните должности.

Кралот Чарлс го забрани францускиот деликатес паштета од сите кралски резиденции поради неетичкиот начин на кој се прави.