Лионел Меси пристигна во Флорида! Славниот Аргентинец слетал со приватен авион на мал аеродром во близина на стадионот на Интер Мајами

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, пристигна во Флорида, пред потпишувањето на договорот со Интер од Мајами, објави ESPN.

Лионел Меси слетал со приватен авион на мал аеродром во близина на стадионот на Интер.

Во раните попладневни часови по локално време, дваесетина навивачи пред стадионот го дочекале доаѓањето на Лионел Меси, кој треба да потпише договор на две и пол години вреден 60 милиони долари годишно.

Минатиот месец седумкратниот освојувач на „Златната топка“ објави дека кариерата ќе ја продолжи во клубот од Флорида откако му истече договорот со Пари Сен Жермен.

Минатата недела Интер Мајами најави настан наречен „Откривање“ за 16. јули на нивниот стадион.

На Лионел Меси, кој во декември стана светски шампион со Аргентина, во Мајами ќе му се придружи неговиот поранешен соиграч од Барселона, Серхио Бускетс, а двајцата фудбалери треба да бидат претставени заедно.

Клубот неодамна го назначи за тренер поранешниот тренер на Барселона и Аргентина, Херардо Мартин.

Лионел Меси би требало да дебитира во дресот на својот нов клуб на 21. јули против мексиканскиот клуб Круз Азул.