ФОТО | “ИЗВИНЕТЕ ГОСПОЃО“ – Новак Ѓоковиќ ‘откачи’ кога го виде стајлингот на неговата сопруга: Јелена во ВИП ложата на Вимблдон пристигна во краток фустан и го украде шоуто – погледнете

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше активен на социјалните мрежи по пласманот во полуфиналето на Вимблдон.

Посебно внимание привлече една објава која Новак Ѓоковиќ ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Станува збор за публикација со фотографии од неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ во објава која очигледно го воодушеви еден од најдобрите тенисери во светот.

Новак Ѓоковиќ

Јелена Ѓоковиќ носела краток, шарен фустан, над кој имала светло жолта јакна, а тој изглед му се допаднал на Новак Ѓоковиќ, кој заедно со пораката „Извинете госпоѓо“, остави и смајлиња кои покажуваат дека е воодушевен и лудо заљубен.

Многу се зборуваше за различните стајлинзи на неговата сопруга, а според мислењето на многу, Јелена Ѓоковиќ важи за вистинска дама и нејзиното доаѓање на натпреварите на Новак Ѓоковиќ секогаш се дочекува со големо внимание.