Морскиот ѕвер остана без глава: Застрашувачка сцена, сакаше да упадне во кафез со нуркачи, но се заглави меѓу решетките (ВИДЕО)
Голема бела ајкула е убиена кога се обидела да налета на кафез со нуркачи на брегот на Мексико!
Застрашувачкиот момент го снимила камерата. На снимката се гледа како големата бела ајкула плива кон кафезот, по што главата и’ се заглавила меѓу металните шипки. Голема количина крв ја обоила водата во црвено додека ајкулата очајно се обидувала да се ослободи. Сепак, само неколку секунди подоцна, телото на ајкулата се гледа како полека тоне на дното на океанот.
Необичната сцена е снимена пред неколку години на островот Гвадалупе во северозападната мексиканска држава Долна Калифорнија, но видеото повторно стана вирално на социјалната мрежа X каде за 24 часа беше прегледано речиси 14 милиони пати.
Многу корисници останаа вчудоневидени.
– Ова е страшно! Се надевам дека ќе го поправат кафезот за ајкулите повеќе да не се заглавуваат така – вели еден корисник.
– ,,Жал ми е за ајкулата. Таа се бореше да се ослободи“, додаде друг корисник.
– Не би сакал ајкула да јаде човек, сепак луѓето се директна причина за смрт што можеше да се спречи – гласи една порака.
Камерата неодамна го сними моментот кога ајкула нападна група нуркачи на Малдиви! Огромен предатор влетал меѓу туристите кои дошле да нуркаат, удирајќи еден по еден со својата моќна глава и опашка.