Москва го впери прстот кон Западот! Путин зборуваше за можни мировни преговори и јасно рече: „Сите разлики мора да …

Рускиот лидер тврди дека коренот на конфликтот меѓу Москва и Киев е „создавањето закани за безбедноста на Русија од страна на САД и НАТО“.

Русија е подготвена да бара дипломатско решение за кризата во Украина, но Киев и нејзините поддржувачи во САД и НАТО одбиваат да разговараат со Москва, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

– Сите разлики мора да се решат на преговарачка маса – им порача Путин на африканските лидери за време на самитот Русија-Африка во Санкт Петербург.

– Проблемот е што тие (Украина) одбиваат да разговараат со нас – потенцираше тој.