МОСКВА ИТНО СЕ ОГЛАСИ – Сергеј Шојгу објави: “Ја осетивме украинската офанзива, непријателот е претепан до земја, трпи страшни загуби!“

Киев ја започна долго очекуваната офанзива, концентрирајќи во претходните три дена голем број персонал и опрема на различни сектори на фронтот, но руските трупи ги спречија сите напади“, ова денес го изјави министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

Обидите за напад беа спречени, непријателот беше запрен, руските војници и офицери покажаа храброст и херојство во битките. Повторувам, непријателот не ги постигна своите цели, претрпе значителни и неспоредливи загуби“, нагласил во својата изјава министерот за одбрана.

Сергеј Шојгу наведува дека силите на 23-та и 31-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина на 4. јуни извршиле офанзива во пет правци.

Непријателот не успеа во ниту една насока. Тој претрпе значителни загуби. Тој загуби 300 војници, 16 тенкови, 26 оклопни борбени возила и 14 други возила“, потенцирал Сергеј Шојгу.

Сергеј Шојгу
Сергеј Шојгу

Еден ден подоцна, според него, вооружените сили на Украина изгубиле повеќе од 1.600 војници, 28 тенкови, од кои осум Leopard и три тенкови на тркала AMKS-10, како и 136 единици друга воена опрема.

Во тридневните борбени операции во сите правци загубите на вооружените сили на Украина изнесуваа 3.715 војници, 52 тенкови, 207 оклопни возила, 134 возила, пет авиони и два хеликоптери“, тврди Сергеј Шојгу.

При одбивањето на нападот како што соопшти тој, загинале само 71 руски војник, а 210 биле повредени.