Москва осветлена и украсена пред божикните и новогодишните празници

– Москва, главниот град на Русија, веќе е обоен со разнобојни светла пред претстојните празници, Божик и Нова година.

Булеварите и улиците се декорирани со светлечки украси и обоени пред претстојните божикни и новогодишни празници. Божикните саеми и панаѓури се поставени во многу делови од градот.

Главните улици и плоштади на руската престолнина се осветлени и украсени за да можат локалното население и туристите во најубав амбиент да ги дочекаат празниците.

Москва и оваа година очекува голем број домашни и странски туристи во текот на празниците.