ЈП „Улици и патишта “ – Скопје за утре најавува времен сообраќаен режим на мостот „Беласица“ каде од 08:00 до 12:00 часот ќе се изведуваат градежни активности.
Поради изведување градежни работи, мостот ќе биде затворен за сообраќај во двата правци и ќе биде обележан со соодветните сообраќајни знаци“, соопштуваат од јавното претпријатие.
ЈП „Улици и патишта “ – Скопје апелира возачите да возат внимателно, а граѓаните да имаат трпение до завршување на градежните работи.