Владата одвои 30 милиони денари за реконструкција на спортската сала „Работнички“ во Скопје

Владата на Република Мakeдонија на вчерашната владина седница донесе одлука за прераспределба на средствата од буџетот за реконструкција на спортската сала „Работнички“ во градскиот парк во Скопје.

Агенцијата за млади и спорт е одговорна за трансферот на 30 милиони денари на посебната наменска сметка на општина Центар.

Според владината одлука, прераспределените средства на општина Центар се исклучиво за намената за која се доделени, односно за реконструкција на спортската сала „Работнички – Градски парк“, општина Центар.