Мохамед Салах на излезна врата од Ливерпул: Пристигна понуда од Франција – половина милион неделно! (фото/видео)
Сензационална вест доаѓа од Франција – Париз Сент Жермен планира да го донесе Мохамед Салах со тригодишен договор вреден 500.000 евра неделно.
Нема сомнеж дека Салах ќе биде еден од најбараните играчи на пазарот на лето и дека гигантите ќе сакаат да го доведат во своите редови.
Тој потврди дека сака да ја освои Премиер лигата и дека тоа е неговата главна желба оваа година, но и дека неговата ера во Ливерпул ќе заврши по истекот на договорот.
– Ова ми е последна година во Ливерпул – изјави Салах, а подоцна на прашањето дали има некакви преговори, истакна дека во моментов нема напредок.
– Нема ништо, нема напредок, далеку сме – беше неговиот одговор за новиот договор.
Но, според протечените извештаи, ПСЖ е подготвен да понуди огромни 72 милиони евра за три години, што е многу подарежливо од понудата на Ливерпул, кој наводно му нуди на Египќанецот двегодишен договор со плата од 400.000 евра неделно.
Славниот напаѓач, кој има 32 години, оваа сезона е во фантастична форма – на 26 натпревари во сите натпреварувања постигна 20 гола и забележа 17 асистенции.