„МОЈОТ СИН Е ЗДРАВ, САМО ИМА ГОЛЕМ МОЗОК“: Парис Хилтон се нафрли на СРАМНИТЕ коментари за нејзиното дете

Парис Хилтон им одговори на хејтерите кои на неодамна објавените фотографии го коментираа изгледот на нејзиниот син Феникс .

„Има некои болни луѓе на овој свет. Мојот ангел е совршено здрав. И да, секако дека бил на лекар, едноставно има голем мозок “, напиша таа на TikTok.

Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум добија син со помош на сурогат мајка . Ова е прво дете на Парис, додека нејзиниот сопруг Картер Реум веќе има ќерка (10) со ријалити ѕвездата Лаура Беличи. Момчето има девет месеци и неодамна првпат го посети Њујорк со својата мајка .