Мразот пука, ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ, СТРАШЕН ЗВУК СЕ СЛУША: Погледнете го застрашувачкото видео од Сребреното езеро за време на земјотресот во Романија

Силниот земјотрес што денеска околу 14 часот ја погоди Романија беше почувствуван и низ цела Србија.

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа околу градот Таргу Зију, а веднаш потоа следеа уште три придружни земјотреси со помал интензитет.

Земјотресот го почувствуваа и граѓаните на Белград , Нови Сад, Панчево, Вршац, Зрењанин, Смедерево, Пожаревац, Крушевац, Параќин, Неготин, Заечар, Бор, Кладово, Ниш, Лесковац…

На социјалните мрежи се појави видео од замрзнатото Сребрено езеро за време на земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтер кој се случи во Романија .

На видеото се гледа како мразот на езерото пука додека во позадина се слуша застрашувачки звук.

– Сребрено езеро за време на земјотресот што се случи во Романија – пишува под објавата.

Во соседно Велики Градиште поради земјотресот се урнал дел од фасада на зграда, но според првичните информации нема повредени.

Србија од утрово е погодена од четири земјотреси. Првиот беше рано утринава во Краљево, потоа два во Бор, а четвртиот, кој ја погоди Романија, се почувствува низ целата земја.