МРЕЖИТЕ ГОРАТ ОД ОБЈАВИТЕ НА ВИКТОРИЈА БЕКАМ: Откри каков однос има со снаата! Една фотографија привлече внимание, а нејзината порака е ХИТ

Откако Никола Пелц Бекам и Бруклин Бекам Пелц присуствуваа на ревијата на Викторија Бекам во Париз, сите се прашуваа што ќе се случи понатаму. Го чекавме следниот потег на британскиот дизајнер кој навистина се потруди да ги освести сите за некоја порака.

Никола Пелц Бекам на ревијата носеше креација на Викторија Бекам, а познато е дека наводниот конфликт меѓу нив избувнал затоа што таа на венчавката со Бруклин не носела модел од ателјето на нејзината свекрва.

Имаше различни оправдувања за тоа, а како што медиумските пишувања за конфликтот почнаа да се разгореа, Бекамови решија да ја свртат ситуацијата.

“Не можев да успеам без тебе. Те сакам многу. Бакнеж од Париз. Ромео, ми недостигаш”, напиша Викторија на Инстаграм.

Славната Пош позираше со сопругот Дејвид Бекам, нивните деца Круз, Харпер и Бруклин и со Никол Пелц, која исто така ја означи во објавата, а не така одамна таа и нејзиниот сопруг ја игнорираа снаата на Инстаграм.

„Убава емисија. Те сакаме!“, и рекол Никола.

Викторија денеска го одбележа и роденденот на својот син Бруклин со видео со семејни фотографии. Најдобриот дечко на светот“, прокоментира Никола.