Мајката на мртвото бебе кое било пронајдено во замрзнувач во куќа во Земун ќе биде пуштена од притвор откако обдукцијата утврдила дека детето е мртво родено, јавуваат српските медиуми.
Лидија М.(47) првично тврдеше дека родила мртво дете, а бидејќи никој не знаел дека е бремена, па ни нејзиниот сопруг, решила телото да го стави во замрзнувач. Ова се случило во 2016 година, а телото на бебето го пронашол нејзиниот сопруг Зоран во јануари годинава.
„Сакав да го исчистам фрижидерот и го пронакдов бебето. Мислев дека е леб“, рекол шокираниот маж.
Четириесет и седумгодишната жена е осомничена дека детето, за кое било утврдено дека е женско, го родила на подот во бањата, а потоа заедно со плацентата го завиткала во крпа о во неколку најлонски кеси и го ставила во замрзнувач.
„Знам дека беше петпати бремена, односно првото дете ни почина по раѓањето во 1997 година. Другите четири деца, фала богу, се добро и знаев кога беше бремена. Едноставно знаев дека јас сум татко на тие деца. Не можам да верувам дека го роди тоа дете во 2016 година, без воопшто да јас да знам за тоа“, изјави Зоран за Нова.рс.