МРТОВЕЧНИЦИТЕ ПОЛНИ, ТЕЛАТА ГИ СТАВААТ ВО КАМИОНИТЕ ЗА СЛАДОЛЕД! Очај во болницата во Појасот Газа, не знаат што да прават со телата на УБИЕНИТЕ (ВИДЕО)
Болница во Појасот Газа користи камиони со сладолед од локалните фабрики како импровизирани мртовечници за некако да го надополни недостигот од простор во преполните болнички мртовечници.
Си-Ен-Ен објави дека денеска добил видео порака од Јасер Катаб, форензичар во болницата за маченици Ал Акса.
Тој во него изјави дека болницата во Деир ал Балах не може да го прими се поголемиот број загинати.
Се известува дека Катаб рекол дека некои од труповите остануваат во импровизирани магацини со денови пред да бидат подигнати.
Тој упати молба за помош, нагласувајќи ја кризата во која се наоѓа Појасот Газа.
– На Газа и е потребна хуманитарна помош – рече Катаб.
Тој рече дека има посебна потреба од фрижидери за мртовечници, како и „ковчези и опрема за транспорт на мртви тела“.