Музичкиот фестивал се претворил во вистински хорор: Илјадници луѓе заробени во жива кал (ВИДЕО)

Десетици илјади луѓе останаа заробени на фестивалот Burning Man во Невада кога поројниот дожд ја претвори пустината во жива кал.

На посетителите на фестивалот им било кажано да останат во камповите, бидејќи биле спречени да ја напуштат пустината Блек Рок во Невада, јавува CNN.

Организаторите ги предупредија посетителите да штедат храна и вода бидејќи засега не можат да го напуштат просторот каде се одржува фестивалот.

„Евакуацијата може да потрае долго. Густата кал буквално се лепи за чевлите и сè што ќе допре. На возилата им е забрането да излегуваат, само службите за итни случаи можат да се обидат“, велат тие.

Според прогнозите, дожд ќе врне до понеделник, а чистењето на преносните тоалети е прекинато поради лошото време.

Еднонеделниот фестивал секоја година го посетуваат 70.000 луѓе, а не се знае точно колку посетители се заробени во пустината поради лошото време.