Мурињо одби понуда која не се одбива: Португалскиот стручњак им кажа „НЕ“ на арапските милиони!

Португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо ја одбил понудата на Ал Шабаб од Саудиска Арабија, објавија италијанските медиуми.

Откако Португалецот доби отказ од Рома, се појавија шпекулации дека кариерата би можел да ја продолжи во Саудиска Арабија, но Мурињо ја одбил таа понуда според италијанскиот стручњак за Sky Sport, Анџело Манџианте.

Италијанските медиуми објавија и дека многу европски клубови се заинтересирани за Мурињо, а пред сè англискиот клуб Њукасл.

Мурињо доби отказ во последните пет клуба, а последниот тешко му падна, што беше видливо кога го напушташе тренинг центарот на Рома и тешко ги задржуваше солзите.