Мурињо јавно му се извини на Санчес

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо му се извини на играчот од средниот ред Ренато Санчес за замената вчеравечер на дуелот со Болоња во 16. коло од Серија А.

-Сакам јавно да му се извинам на Ренато бидејќи тоа што требаше да го направам беше многу тешко, но ова е уште потешко за тренерот. Мислам дека тоа го направив три или четири пати во кариерата и се извинувам, изјави Мурињо за „Football Italia“.

Санчеш на теренот влезе во 46. минута, а по само 18 минути Мурињо го повлече од игра. Рома го загуби мечот со 2:0.

По 16 кола Рома се наоѓа на 7. место во поредокот на италијанскиот шампионат со 25 бодови. Лидер е Интер (41 бод).