Мускулни болки, замор и запек – знаци на недостаток на магнезиум!

Метаболичката енергија, репликацијата на ДНК, синтезата на протеините и детоксикацијата зависат од магнезиумот

Способноста на магнезиумот да му даде на нашето тело многу придобивки го нарече „магичен минерал“.

Со оглед на тоа дека магнезиумот се наоѓа во повеќето намирници и може да се добие преку суплементи, лесно е да се помисли дека внесуваме доволно магнезиум.

Но, во просек, на возрасен човек му требаат 270-400 мг магнезиум дневно, во зависност од телесната тежина, а доколку не ја исполните оваа дневна количина, телото ве предупредува преку различни симптоми, пренесува Телеграф.

ЗАПЕК

Запекот често е знак дека треба да го зголемите количеството на магнезиум што го консумирате.

Мускулни болки

Ако почувствувате болка во мускулите порано од вообичаено, тогаш ова може да биде резултат на недостаток на магнезиум.

Магнезиумот често се користи за да им помогне на мускулите да се релаксираат и го спречува таложењето на млечна киселина.

Необјаснет замор и анксиозност

Ако сметате дека страдате од постојан замор и анксиозност, тогаш консумирајте повеќе магнезиум. Магнезиумот има способност да го ограничи ослободувањето на хормоните на стресот, додека истовремено делува како филтер за спречување на хормоните да влезат во мозокот.