Дали луѓето можат да станат бесмртни? Научниците бараат да го најдат одговорот во медузата

Продолжување на животот, нестареност и бесмртност се некои од концептите за кои луѓето продолжуваат да дебатираат.

Но, до сега немаше одговори кои би можеле да ја отклучат тајната на бесмртноста.

Научниците бараат одговори во „бесмртната“ медуза, суштество способно постојано да се враќа во помлада состојба.

Шпанските истражувачи успеале да го дешифрираат геномот на бесмртната медуза „Turritopsis dohrnii“ и утврдиле различни геномски клучеви кои придонесуваат за продолжување на нејзиниот животен век до степен да се избегне нејзината смрт.

Тимот од Универзитетот во Овиедо ја мапираше генетската низа на оваа уникатна медуза со надеж дека ќе ја откријат тајната на нивната единствена долговечност и ќе најдат нови индиции за човечкото стареење.

Тие го анализираа видот Turritopsis dohrnii заедно со неговиот сестрински вид Turritopsis rubra за да ги идентификуваат гените кои се засилени или имаат различни варијантни карактеристики помеѓу двете.