Муслиман, а капитен на Израел! Чудесна животна приказна на Бибарас Натхо: Јас сум Черкез, муслиман, и не можам да ја пеам националната химна (фото)

Бибрас Натхо има многу необична животна приказна со оглед на тоа дека е муслиман од Израел.

Патот до Израел беше многу трнлив за семејството Натхо и водеше низ поранешниот геополитички ентитет наречен Британски мандат над Палестина, и тие ја најдоа својата крајна дестинација во место во Израел каде што живеат само членовите на нивното племе, или малку пошироко, група Черкези.

Станува збор за муслимани, чии религиозни верувања и ритуали се значително различни од оние што ги практикува арапското малцинство во Израел.

Таткото на Натхо работел како припадник на Граничната полиција, а самиот Бибрас истакнува дека сè што постигнал во животот се должи на неговиот татко.

– Секогаш ми велеше дека треба да бидам лидер каде и да играм, а не обичен играч. Бев капитен во сите помлади селекции и природно беше тоа да се случи и во сениорската репрезентација – изјави Натхо.

Неговото национално малцинство во Израел ужива големи привилегии затоа што низ историјата им помагало на Евреите да се бранат од разни непријатности од соседството. Една од разликите е тоа што Черкезите имаат обврска да служат војска.

– Кога бев мал, добив понуда да одам во Ајакс. Го замолија татко ми да потпише дека нема да служам воен рок во израелската армија. Категорично го одбил, 30 години работел како граничар, за него лојалноста е сè. Да речеме, кралот на Јордан избрал само Черкези за свои телохранители, и им верувал – вели Нато.

Тој вели дека во репрезентацијата на Израел не е важно кој од која вера припаѓа, бидејќи тие се тим, група, се ценат и се почитуваат.

Ејал Берковиќ, поранешен фудбалер, а денес телевизиски и радио водител, изјави дека капитенот на репрезентацијата мора да ја пее израелската химна и дека тој што не ја пее не треба да биде капитен на националниот тим.

– Таквите луѓе бараат само публицитет и воопшто не ме повредуваат. Секој има право да каже што сака, но тоа не значи дека треба да се согласуваме со туѓите ставови. Јас сум Черкез и муслиман и не можам да пеам некои зборови. Не можам да ја пеам химната ако не ја чувствувам како дел од мене, тоа е прашање на почит и кон химната и кон религијата – заклучи Нато.