,,Му го уништи животот на нашиот син” – Млада наставничка заведе тинејџер и имале интимен однос на паркинг во ресторан за брза храна (ФОТО, ВИДЕО)

Реган Андерсон (27), професорка во приватно христијанско училиште во американската сојузна држава Јужна Каролина, која е мајка на две деца, е уапсена во средата.

Таа е осомничена дека вршела притисок врз студент-тинејџер да има односи со неа и дека му праќала разголени фотографии, соопшти полицијата.

Андерсон се соочува со две точки од обвинението за сексуална злоупотреба на 17-годишно дете, пишува американскиот весник New York Post.

„Менторот, наставникот и доверлив пријател ја злоупотреби нашата доверба и ја прекрши заклетвата на воспитувачот. Таа го уништи животот на нашиот син“, изјави мајката на жртвата за време на судското рочиште во четвртокот.

Мајката на жртвата рече дека Андерсон требало да биде фокусирана на љубовта на нејзиниот син кон фудбалот, но таа „му ја одзеде таа можност“.

„Ниту еден млад спортист не е безбеден во нашата заедница додека оваа жена е на слобода“, рече мајката.

Андерсон наводно почнала да го злоставува момчето во октомври.

Реган Андерсон

Првиот напад, се случил во приватна резиденција во Холи Хил , мало гратче северно од Чарлстон, по што следел вториот на паркингот на ресторан за брза храна во блискиот град Санти.

Мајката на момчето тврди дека Андерсон на својот син му испраќала голи фотографии на Snapchat.

Гласините за несоодветна врска брзо се проширија во академијата Холи Хил, а раководството ја контактираше полицијата на 8 ноември.

Андерсон набрзо била отпуштен.

На нејзината страница на Linkedin, таа се опиша себеси како „многу страсна кон децата“ .

„Моментално сум мајка што останувам дома и барам можности за работа од дома за да му помогнам на моето семејство и на себе“, пишува во нејзината биографија.

Судијата и одреди кауција од 2.500 долари и и нареди да носи GPRS на нозете.

Нејзе и’ е забрането да има контакт со момчето кое наводно сексуално го злоставувала.