Му завидуваат сите мажи: Девојката на „најгрдиот заводник“ мами воздишки во бикини

Венсан Касел и Нара се во врска неколку месеци, а сите со причина се свртуваат кон неа…

Познатиот актер Винсент Касел ги минува декемвриските денови на плажа со својата девојка, 30 години помладата манекенка со бразилско и австралиско потекло Нара Баптиста, која редовно ја покажува својата прекрасна фигура во бикини.

Случајните минувачи имаат можност да ги видат речиси секој ден во Рио де Жанеиро, а поголемиот дел од времето го поминуваат на песок и сонце.

Нара во животот на актерот влезе по разводот со убавата Тина Кунаки на која неодоливо личи и за која велат дека е нејзина копија, а поради разликата во години парот редовно е под лупата на јавноста и на насловните страници.

Згодната манекенка покажа завидна фигура во популарниот модел на црни танга бикини, додека актерот кој го нарекуваат „најгрдиот заводник меѓу актерите“ беше во сосема лежерно издание.