„Му ја фрлив кутијата со опрема“ Златан ги откри деталите од конфликтот со Гвардиола: Му реков да ми каже дали имам голем нос! (фото/видео)
Познатиот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ отворено проговори за врската со познатиот шпански тренер Пеп Гвардиола.
Во големото интервју за Пирс Морган, неповторливиот фудбалски ас допре голем број интересни теми, а големо внимание особено на Островот привлече неговата приказна за соработката со актуелниот тренер на Манчестер Сити.
Во 2009 година, Ибрахимовиќ се пресели од Интер во Барселона, но на Ноу Камп остана само една година. Едноставно не успеа да најде заеднички јазик со тогашниот тренер на Каталонците, Пеп Гвардиола.
„Мислам дека Гвардиола е одличен тренер, но кога бев во Барселона, тоа беше поинакво искуство. Човекот е успешен, никогаш не завршил трет, тој е секогаш прв или втор. Сепак, ја запознав личноста зад тој тренерски гениј“, изјави Ибрахимовиќ.
Тој откри дека имал очајна комуникација со шпанскиот тренер.
,,Сам ги решавам своите проблеми. На сите им кажувам сè во лице и проблемите се решаваат. Потребни се двајца луѓе за да се реши еден проблем. Направив грешка во Барселона затоа што се обидов да се вклопам и не бев тој што навистина бев. Му реков на Гвардиола да ми каже дали имам голем нос, дали одам чудно, дали нешто го мачи кај мене. Ќе го решиме. Сè беше во ред шест месеци, а потоа моравме да разговараме“, се присети Ибра.
Тој призна дека не се вклопува во системот на игра на Гвардиола.
,,Му реков дека не играм добро бидејќи немам простор на теренот и нема друг играч за таква игра. Тој рече дека ќе го реши тоа и ќе ме стави на клупата за следниот натпревар. Вториот натпревар – јас на клупата, трет натпревар – јас пак на клупата клупата. Тоа ме налути“, вели Ибра и открива дека решил да возврати.
Тој рече дека играчите не смеат да доаѓаат на тренинг со Ферари, а само по тие седум-осум месеци дојдов со Ферари и го паркирав пред неговата канцеларија“.
Златан откри дека Гвардиола не смеел да се соочи со него.
,,Ме избегнуваше, ништо не ми рече. Кога доаѓав заедно да појадуваме, стануваше и излегуваше од собата. Не сакаше да се соочи со никакви проблеми. Фрлив кон него кутија со опрема после натпреварот Барселона-Интер. Не го удрив. Ништо не ми кажа, само излезе од собата“, откри Ибрахимовиќ.
Познатиот голгетер вели дека Гвардиола го избегнувал и кога биле заедно во Премиер лигата.
,,Кога играв за Јунајтед, тој беше во Сити и не ме поздрави. Ме чекаше да излезам на теренот, а потоа ќе излезеше за да не ме сретне. До денес, јас не не знам кој беше неговиот проблем со мене во Барселона“, рече Ибрахимовиќ.