Навивачите ќе му се налутат: Еве што правеше Јокиќ додека Србија се бореше за четвртфинале! Имаше причина да слави! (фото/видео)

Цела Србија денеска со големо внимание го следеше натпреварот помеѓу Србија и Доминиканската Република со оглед на тоа што овој натпревар беше од големо значење за српската репрезентација.

Сè беше многу јасно – кој и да победи оди во четвртфиналето на Мундобаскетот.

Избраниците на Светислав Пешиќ успеаја успешно да ја реализираат таа мисија и ја победија Доминиканска Република со убедливи 112:79.

Да потсетиме, на овогодинешниот Мундобаскет нема да ја гледаме НБА ѕвездата Никола Јокиќ во дресот на Србија, кој поради физички и психички замор ја одби поканата на тренерот Светислав Пешиќ.

Српскиот кошаркар денеска замина на хиподромот во Љубичево, каде имаше причина за славење, откако победи неговиот коњ.

Да потсетиме Србија натпреварот за полуфиналето на Светското првенство го игра во вторник од 10:45 часот..