НАВИКА КОЈА МОЖЕ ДА ВИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ: Никогаш не треба да ја отворате вратата од автомобилот со левата рака, а ова е причината! (ВИДЕО)
Веројатно никогаш не ви паднало на памет, но причината е повеќе од сериозна. Отворањето на вратата од автомобилот со десната рака треба да стане навика на секој возач.
Кога излегувате од автомобилот, речиси секој возач ја отвора вратата со левата рака. Сепак, ова во никој случај не е добра идеја бидејќи може да биде опасна по живот.
Откако ќе го паркирате автомобилот на страната на патот, свртете се и отворете ја вратата со десната рака. На овој начин ќе ја свртите главата наназад и ќе имате можност навреме да видите дали покрај него поминува велосипедист или мотоциклист, кого би можеле да го срушат со отворање на вратата или можеби друго возило кое ќе ви ја откине вратата и евентуално ќе ве повреди.
Тоа се случува почесто отколку што мислиме. На пример, велосипедист не може да знае дека возачот во тој момент ќе излезе од возилото, а возачот не гледа што се случува на патот, туку автоматски ја фаќа рачката со левата рака и ја отвора. Ова се секундите кои можат да значат живот или смрт.
Отворањето на вратата со десната рака всушност го принудува возачот да го сврти горниот дел од телото и потоа да има многу повеќе од патот во своето видно поле. Во Холандија возачите внимаваат на овие работи, па многу почесто ја користат десната рака. Затоа овој потег е наречен “the Dutch Reach”.
Сето тоа е прашање на навика и укажување на потенцијален проблем за кој дотогаш не ни размислувавме, пишува CountryLiving , а пренесува 24sata.hr.