“НАВИСТИНА МЕ ВОСХИТУВА!“ – Атрактивна млада тенисерка опседната со Новак Ѓоковиќ: “Заспав со неговиот глас во собата! Србинот ме инспирира, тој е само мој!“
Никој не му се восхитува на Новак Ѓоковиќ како оваа девојка…
Атрактивната романска тенисерка Андреа Присакарју во повеќе наврати јавно вели дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е нејзината најголема инспирација.
Романката никогаш не криела дека е многу фасцинирана од српскиот ас.
Во популарниот тениски подкаст „Match point Canada“, Андреа Присакарју одговараше на интересни прашања на обожавателите, од кои многу беа поврзани со српскиот тенисер.
„Ѓоковиќ ми е постојана инспирација. Тој е еден од ретките кој навистина им помага на тенисерите од Србија. Тој всушност ги спонзорира. Неверојатно е тоа што го прави, немам зборови да го опишам. Мислам, ми ја спаси кариерата многу пати“, открила популарната тенисерка од Романија.
Таа открила и дека често пред спиење ги гледала видеата на Новак Ѓоковиќ.
„Кога бев почетничка ги барав неговите видеа на Јутјуб. Само ги гледав, гледав и заспивав со неговиот глас во собата. Се будев и ги гледав видеата одново и одново. Значи тој е дефинитивно неверојатен. Тој инспирира јас секој ден, тој е мој – шампион, број еден. Пораснав гледајќи го, тој е жива легенда и за мене е пред сите“, открила атрактивната тенисерка.
Обожавател од САД ја прашал тенисерката дали е заљубена во Новак Ѓоковиќ, на што таа одговорила:
„Боже, дали е ова прашање реално ? Овој човек во основа ме ‘подигна’. Како можеш воопшто да ме прашаш тоа ? Јас пораснав гледајќи го на телевизија! Зарем не можеме да ги цениме другите луѓе овие денови само затоа што можеме ? Тој е еден од моите извори на инспирација! Не се заљубив или нешто слично. Тоа е само восхит и фасцинација од неговата работа“.