Нагелсман казнет со 50.000 евра поради вербален напад на судиите по поразот на Баерн од Борусија Менхенгладбах
– Германскиот фудбалски сојуз го казни Јулијан Нагелсман со 50.000 евра.
По поразот од Борусија Менхенгладбах во Бундеслигата (2:3), тренерот на Баерн упати вербални закани и пцовки кон судиската тројка предводена од Тобијас Велц.
Беше објавено и дека Нагелсман ги нарекол судиите „меки тела“.
Тренерот на Баерн подоцна се извини за своето однесување.
Се истакнува дека Нагелсман веќе се согласил со пресудата, по што одлуката стапила на сила.