НАГРАДАТА НА БАЈДЕН ДО ЕРДОГАН ЗА ФИНСКА И ГРЦИЈА: Америка е подготвена, се чека одобрение од Конгресот

Стејт департментот испрати официјално известување.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е подготвена да ја продолжи продажбата на модернизирана опрема на Турција за постојната флота борбени авиони Ф-16 , откако специјалната комисија на Конгресот даде одобрение, изјавија денес извори запознаени со ова прашање, пренесе Ројтерс.

Стејт департментот испрати официјално известување за продажбата на опремата, која вклучува радари и авиони, според Ројтерс. Доколку Конгресот даде формално одобрение, овој пакет ќе биде првата голема продажба на Турција во последните неколку години одобрена од Конгресот.

Извори на британската агенција, од кои едниот е американски функционер, а другиот неименувано лице запознаено со работата, не ја наведоа точната вредност на зделката, освен дека се работи за милиони долари .

Ваквата одлука доаѓа по турското одобрување за прием на Финска во НАТО, но и по индициите за намалување на тензиите меѓу Анкара и Атина пред општите избори во Турција на 15 мај.

Овој пакет е одвоен од предложената продажба на Lockheed Martin Korp F-16 во вредност од 20 милијарди долари и речиси 80 модернизирани воени комплети што ги побара Турција во октомври 2021 година.

Некои американски конгресмени се спротивставија на пакетот да биде поголем, наведувајќи го противењето на Анкара за влез на Шведска во НАТО, политиката на Турција кон Сирија и тензиите со Грција.