Уживање во природа, забава, другарување и натпреварување, понуди треил трката за вино и љубов што се одржа денеска во Неготино.
Трката заврши со доделување награди за најуспешните учесници во повеќе категории.
– Настанот беше во организација на општината Неготино, во соработка со Деконус ДООЕЛ Скопје и планинарскиот клуб „Фри хајкерс“. Стартот и финишот на трката беа пред планинарскиот дом „ Дедо Ило Јанчев“. Инспирација од која произлезе одржувањето на оваа трка е празникот „Свети Трифун”, што се смета за заштитник на лозарите и винарите, а крајна цел е промоција на винскиот крај на Горни Дисан и неготинската општина, па токму затоа мотото на настанот беше дека натпреварувањето е составен дел, но предност има забавата на сите учесници, нагласи Методи Митрев, портпарол во неготинската локална самоуправа.
На настанот имаше спортисти и планинари.
-Нашето здружение „Ековита” на штанд го претстави социјалното претпријатие „Mushroom network”. Имаше заинтересираност за тоа како да се произведувааат печурките, какви видови проиведуваме и се разговараше за можна соработка во иднина. Печурките се здрава храна и треба да се внесуваат во исхраната, особено од страна на спортистите, рече Кристина Тодорова од „Ековита”, апсолвент на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.