Надал нема да биде закана за Ѓоковиќ на РГ?

Поранешниот француски тенисер Флоран Сера не смета дека Рафаел Надал е способен повторно да го освои Ролан Гарос.

Шпанецот е рекордер со 14 титули во Париз, но речиси една година не беше на теренот поради проблем со колкот.

Тој ќе се врати на турнирот во Бризбејн и го чека тежок период на опоравување, бидејќи нема да има статус на носител на турнирите поради слабиот пласман.

Мислам дека не е способен да го подигне трофејот по 15-ти пат на Ролан Гарос. Освен снимката на која тренира интензивно, мислам дека едногодишно отсуство е предолго“ , изјави Сера за „RMC Sport“ и додаде:

“Тој ќе мора да направи исклучителна серија, да стекне самодоверба, сето тоа без статус на носител, без заштита во првите кола. На 37 години изгледа малку комплицирано да се освои Ролан Гарос, да ви кажам искрено. Според мене, постои помалку од 10 проценти шанси да го видиме како освојувач на Ролан Гарос“.

Надал ја освои својата прва титула на Ролан Гарос на своето деби во 2005 година, има скор од 112-3, а последен пат ја освои во 2022 година.

Што се однесува до Сера, тој играше помеѓу 2000 и 2015 година, а најголеми успеси му беа титулите во Букурешт и Аделаида.