“НАДРЕАЛНИ СЦЕНИ ОД ГРЦИЈА“ Необична појава ја погоди Атина и југот на земјата, НЕБОТО ЦЕЛОСНО ПОРТОКАЛОВО (ФОТО, ВИДЕО)
Облаци прашина донесена од ветрот од Сахара ги покри Атина и јужните делови на Грција, а се очекува таа да се расчисти во текот на денот бидејќи ветровите се поместуваат и ја поместуваат прашината, заедно со падот на температурата, објавија денеска грчките медиуми. .
Високата концентрација на честички прашина ги погоди повеќето луѓе со респираторни проблеми поради влошувањето на квалитетот на воздухот, посочуваат од Грчкото здружение за белодробни заболувања.
Фреквенцијата и интензитетот на феноменот на сахарска прашина во Грција варира од година во година, од седум до 20 епизоди (во просек 13 епизоди годишно) , во зависност од атмосферските услови и количината на прашина што доаѓа од Сахара, пишува Катимерини.
Грција претходно беше зафатена од облаци од прашина од Сахара на крајот на март и почетокот на април, додека слична појава имаше во делови од Швајцарија и јужниот дел на Франција.
Небото над Грција вчера доби интензивна жолто-портокалова боја откако силните јужни ветрови донесоа сахарски песок кој покри неколку региони, меѓу кои и главниот град Атина, пишува „Јутарњи лист“.
Властите велат дека ова е еден од најлошите случаи на пустински песок што ја погодил нацијата од март 2018 година, кога густата прашина го прекри Крит. Видливоста низ Грција моментално е ограничена, издадени се предупредувања за загадување на воздухот, а на социјалните мрежи се појавија бројни видеа кои сугерираат дека ситуацијата е прилично загрижувачка. Сепак, грчката метеоролошка служба соопшти дека небото веќе денеска треба да се расчисти, пишува „Јутарњи лист“.