Над сто медицински сестри и техничари останале без работа, а на нивно место биле вработени нови

Итно вработување на медицински сестри и техничари што со години работат без здравствено и пензиско осигурување, побара денеска на прес-конференција Гордана Бешлиовска, претседателка на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сетри, техничари, акушерки и стоматолошки сетри „За нас“.

Таа обвини дека 120 нивни колеги, кои шест или седум години работеле со договор на дело, останале без работа откако Општата болница Припел еднострано им ги прикинала договорите за работа, а на нивно место дошле нови кадри.

Бишлиовска вели дека некои од медицинските сестри биле приморани да бараат работа по бутици.

„Бараме да бидеме вклучени во сите инстанци и на сите нивоа каде се носат какви било одлуки за медицинските сестри и медицински техничари. Оваа профсија се одбира и се работи зашто се сакаат животот и добробитта на пациентите. Ако нацијата е богатство на државата, тогаш медицинските сестри се богатство на нацијата. Време е решенијата да бидат системски и во интеерес на сите“, рече Бишлиовска.

На медицинските сестри и техничари, како што додаде, не им било кажано да не доаѓаат на работа, туку дека нема финансиска согласнот за нивната јануарска плата. Бишлиовска посочи дека во период кога земјата се соочува со недостиг на медицински сестри и техничари, раскунување на договорите на ваков кадар е несериозно и нехумано.

Бишлиовска предупреди дека запоставувањето на професијата ќе остави катастрофални последици врз здравствениот систем, ќе ја намали вредноста на пациентите, а ќе ја поскапи здравствената нега.