Министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Оргета Манастирлиу, објави дека од 15. јуни, кога беа ставени во функција 30-те летни здравствени центри, услуга добиле повеќе од 50 илјади домашни и странски туристи.
Во објава на социјалните мрежи додава дека 97 отсто од оние кои побарале услуга не биле префрлени во болници, бидејќи добиле соодветна и квалификувана услуга во здравствениот центар во близина каде престојувале.
„Фантастична работа на лекарите и медицинските сестри од 30-те летни здравствени центри и Националниот тим за итна помош за навремена и услуга, најдобро справување со извонредниот наплив во оваа туристичка сезона“, нагласува Оргета Манастирлиу.
Деветта година по ред функционираат летните здравствени центри во крајбрежните и планинските туристички области, за да се гарантира квалитетна здравствена заштита за туристите кои ја посетуваат Албанија за време на летната сезона.
Сите центри, како и бесплатниот телефонски број 195 ќе функционираат до 15. септември, а работат 24 часа.
За седум месеци Албанија ја посетиле над 5,2 милиони странски туристи, што е за 31 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година.