РУСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА НА НОЗЕ – Кремљ стравува од повторување на воениот бунт: Вагнер сака да се одмазди за Евгениј Пригожин !?

Владимир Путин е загрижен дека смртта на Евгениј Пригожин може да предизвика уште еден бунт како оној што го организираше починатиот лидер на групата Вагнер во јуни оваа година.

Moscow Times, медиум кој го критикува Владимир Путин и војната во Украина, вели дека руските разузнавачки служби работат на спречување повторување на бунтот на 24. јуни во кој платениците на Евгениј Пригожин зазедоа воени објекти во јужниот град Ростов на Дон и маршираа на Москва.

Руските власти соопштија дека Евгениј Пригожин загинал на 23. август откако се урнал авионот со кој патувал меѓу Москва и Санкт ПетербургКремљ ја отфрли одговорноста за инцидентот, во кој загинаа и други команданти на Вагнер, но аналитичарите го вперија прстот кон Владимир Путин и можната одмазда за понижувањето.