Намалена затворската казна за Јанакиески, условна за Јанкуловска во случајот Титаник

Единствено, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби затворска казна, која сега е три и пол години, откако апелација му ја намали за една година. За разлика од него, за екс министерката Гордана Јанкуловска казната е преиначена – наместо 2,5 годишната затворска, доби условна казна затвор. Условната казна останува и за поранешниот генсек Мартин Протоѓер. Мунир Пепиќ добива условна казна, наместо првостепено изречена една година затвор. Неправисилната пресуда беше донесена лани во февруари за тие што признаа вина, а за останатите, меѓу кои и екс премиерот Груевски, судењето продолжува, пишува Канал 5.