По очигледното намалување на цената на природниот гас, голем број корисници во Куманово оваа енергија за греење ја вратија и на правните и на физичките лица. Од НП „Куманова гас“ знаат дека е зголемен интересот за користење на природниот гас, откако е забележано очигледно намалување на оваа енергија.
Во моментов метар кубен гас чини 65 денари, наспроти 155 денари во септември.
„Можеби ќе имаме повеќе корисници кои ќе се вратат на користење гас по намалувањето на цената, дури и на крајот на грејната сезона. Многу домаќинства и институции веќе обезбедија енергија до крајот на грејната сезона“, изјави Марко Митровски, директор на НП „Кумановогас“.
Намалување на цената на природниот гас најверојатно ќе има во следната грејна сезона, предупредуваат од оваа компанија.
Исто така од оваа компанија информираат дека лани поради загубите од 6 милиони денари било доведено во прашање работењето на компанијата.
„Загубите ги диктира пазарот. Немавме можност да дистрибуираме поголеми количини гас, додека единствениот приход ни е токму од дистрибуцијата и снабдувањето со гас“, подвлече Митровски.
Инаку, оваа компанија работи на проширување на гасификациската мрежа. За ова во голема мера помага и субвенциите од државата како и од општина Куманово.
Државата секој приклучок го субвенционира со 25.000 денари, додека општина Куманово со дополнителни 15.000 денари или вкупно 40.000 денари.