Американските сили во воздухопловната база Аин ал Асад западно од Багдад денеска беа цел на напад на што возвратија, јавува Ројтерс повикувајќи се на двајца американски воени претставници.
Според еден од официјалните лица, нападот резултирал со полесни повреди на некои војници и оштетување на инфраструктурата. Друг официјален претставник рече дека американските сили користеле борбени авиони АЦ-130 како одговор на нападот.
САД претходно одговорија на нападите врз нивните сили во Ирак и соседна Сирија, за кои одговорноста ја презеде ирачката милитантна група „Исламски отпор во Ирак“.
Вооружени беспилотни летала и ракетни напади врз американските војници започнаа на 17 октомври и поради американската поддршка за Израел во војната во Појасот Газа.
Претходно денеска, профилите на социјалните мрежи поврзани со ирачките милиции објавија изјава на групата „Исламски отпор во Ирак“, во која тие жалат за смртта на еден од нивните членови кој загинал „во борба“ против американските сили.
Тоа е првата пријавена жртва во Ирак поврзана со војната меѓу Израел и Хамас.