Агресивно однесување и физички напади на полицајци се регистриран во три одделни случаи.
Како што соопшти МВР, во првиот случај, утрово, во 2:00 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Ј.(60) од Куманово. Тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Во вториот случај, вчера во 1:30 часот во струмичкото село Просениково бил лишен од слобода И.М.(40) од истото село поради тоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Во третиот случај, пак, синоќа околу 20 часот во Спортско-рекреативниот центар „Кале“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој за време на одржување на кошаркарски натпревар агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа физички нападнал еден од нив додека извршувал службени дејствија.
За време на кошаркарскиот натпревар биле приведени и С.С.(37), М.Д.(34), Л.Л.(21), Л.Г.(19) и А.К.(21), сите од Скопје, поради непочитување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.
По целосно документирање на случајот против сите ќе следува соодветен поднесок.