Израелската армија соопшти дека ракета на бунтовниците Хуту истрелана од Јемен синоќа го погодила Тел Авив и дека во тој напад полесно се повредени 30 лица.
Тоа се случи два дена по серијата израелски воздушни напади врз главниот град на Јемен, Сана, под контрола на Хутите, и пристанишниот град Ходеида, во кои загинаа најмалку девет лица.
Израелските напади беа одговор на нападот на Хутите во кој ракета со долг дострел погоди израелско училиште.
Хутите напаѓаат бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив и велат дека нема да запрат додека не дојде до прекин на огнот во Газа.
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш рече дека нападите од двете страни ризикуваат понатамошна ескалација во регионот и ги поткопуваат напорите на ОН за воспоставување траен мир.