Нападнат лекар во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Лекар од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ бил удрен со пластично шише, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 04.07.2023 година во 11:45 часот, Н.Б.(42) од Скопје пријавил дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“, поточно во Ургентен центар додека вршел должност како лекар, едно лице го удрило со пластично шише.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.