НАПАД НА ОДЕСА СО КРСТАРЕЧКИ РАКЕТИ Киев: Тројца загинати, неколкумина ранети! објави Зеленски

Во рускиот напад на црноморското пристаниште Одеса во текот на ноќта биле погодени цивилни објекти, при што најмалку три лица загинале, а 13 се ранети, соопшти украинската армија.

Русија лансираше четири крстосувачки ракети кон градот , тврди јужната команда на вооружените сили на Украина.

Војската претходно соопшти дека два проектили биле уништени пред да ги погодат нивните цели.

„Како резултат на воздушни битки и експлозии, оштетени се деловен центар, образовна институција, станбен комплекс, објекти за храна и продавници во центарот на градот“, соопшти украинската армија на Телеграм.

Тројцата загинати лица работеле во магацинот на трговскиот синџир кога бил погоден од проектил, кој предизвикал пожар, се наведува во соопштението.

На таа локација се ранети седум лица, а потрагата по урнатините се уште трае, соопшти армијата.

Војската објави и видео снимка и фотографии на кои се гледаат делумно срушени повеќекатни згради, како и пожарникари кои се борат со пламените јазици во нешто што изгледа како магацин.

Зеленски: Нападите врз цивили покажуваат потреба од помош

За време на говорот вечерва, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неодамнешните руски напади врз цивили докажуваат дека партнерите на Украина треба да обезбедат дека неговата земја има доволно системи за противвоздушна одбрана и модерни борбени авиони.

Во вторникот, САД објавија 235 милиони долари дополнителна безбедносна помош за Украина, вклучувајќи ја и воздушната одбрана.

Во меѓувреме, во Русија, претседателот Владимир Путин им изјави на новинарите дека загубите на Киев се приближуваат до „катастрофално“ ниво. Тој, исто така, посочи дека загубите на украинските војници се десет пати поголеми од руските – инсистирајќи дека контраофанзивата досега била неуспешна.

Киев, од друга страна, вели дека неговите војници напредувале во Бахмут, во источниот регион Доњецк.