Жена (37) од Хрватска утрово околу 10 часот и 10 минути со нож повредила три лица на возраст од 31, 42 и 52 години во кујна на хостел за бездомници во Вараждин, пишува хрватскиот портал Index.hr.
Таа им нанела убодни рани на оштетените, соопштија од Полициската управа Вараждин.
На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница во Вараждин, а степенот на нивните повреди подоцна ќе се утврдува.
Осомничената е приведена во просториите на полицијата во Вараждин, а во тек е кривична истрага и увид на лице место.