ОВА СЕ НАЈПОПУЛАРНИТЕ СПОРТИСТИ ВО СВЕТОТ – Првото место без изненадување, а погледнете каде се најде на листата Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е петти најпопуларен спортист во светот!

Според листата што ја објави американскиот веб-портал Sportsbook Review, Српскиот тенисер е блиску до врвот, а на листата е и уште еден Србин – Никола Јокиќ, кој се наоѓа на 22. место.

Како што се наведува во текстот за Новак Ѓоковиќ, годинава се објавени 136.159 текстови односно објави за Србинот низ светот. Пред него се Макс Верстапен, возач на Формула 1 (150.787), трет е Аргентинецот Лионел Меси (208.945), втор е Нејмар (226.036), додека на прво место е Кристијано Роналдо со дури 440.817 текстови. Најголем напредок има Макс Верстапен, кој од деветтото место дојде на четвртата позиција, додека Том Брејди имаше најголем пад, од четврто на 10 место (89.680).

Кристијано Роналдо

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ, продолжува да доминира надвор од теренот. Неговата популарност продолжува, а тој и на 36 години е талент од светска класа“, се наведува во текстот.

Зад Србинот се ЛеБрон Џејмс (123.182), Килијан Мбапе (112.526), ​​Ерлинг Халанд (106.064), боксерот Канело Алварез (94.418) и Том Брејди (89.680).

Што се однесува до глобалните објави, најмногу текстови се напишани за фудбалот (1.189.060), потоа кошарката (298.957), потоа американскиот фудбал (227.005), потоа Формула 1 (195.172), тенис (157.829), крикет (135.448)…