Марија Шерифовиќ покажа како ужива со синот во прошетка во Лос Анџелес

Марија Шерифовиќ во петокот ги изненади своите фанови со веста дека стана мајка на момче Марио, кое го роди сурогат мајка во болница во Лос Анџелес.

Српската пејачка сега во својот Instagram Story се пофали дека го искористила сончевиот ден и го прошетала синот низ улиците на Лос Анџелес. На видеото се гледа како таа турка количка по улица, а додаде и емотикон со сино срце.

Да потсетиме пејачката објасни како се обидела да стане мајка во неколку наврати, но не можела да ја доноси бременоста, поради што таа на крајот решила на сурогат мајка со која ги поминала сите предизвици на бременоста. Инаку, Шерифовиќ не сака да открие кој е таткото поради договорот за приватност, но рече дека нејзиниот син ќе знае се за тоа кога ќе дојде време.