НАПИШАЛ КАЗНА ЗА ПАРКИРАЊЕ, ПА ВИДЕЛ ДЕКА ТОА Е АВТОМОБИЛОТ НА ГВАРДИОЛА! Се појави урнебесна снимка: Пеп не се извлече, ЌЕ МОРА ДА ПЛАТИ!

Видеото кое е снимено на улица во Манчестер предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола доминираше со Манчестер Сити минатата сезона. Шпанецот им го донесе на „граѓаните“ првиот трофеј во Лигата на шампионите, ја одбрани титулата во Премиер лигата и го освои ФА Купот. Сепак, и покрај сите успеси кои ги постигна со клубот од Манчестер, Гвардиола нема некој посебен статус во англискиот град.

Тоа најдобро го покажува видеото кое се појави на социјалните мрежи.

Гвардиола го паркирал својот автомобил на недозволено место на улица во Манчестер. Иако остана само десет минути, кога се врати имаше што да види.

Сообраќајниот полицаец веќе напишал карта, а кога сфатил дека автомобилот е на Гвардиола бил во целосен шок.

Тој му објаснил на Шпанецот дека не смее да паркира таму и му дал казна, а потоа го замолил да се фотографираат заедно.

Гвардиола не се побуни, по краткиот разговор ја зема казната и влезе во својот автомобил.

Некои медиуми пренесуваат дека полицаецот побарал од познатиот тренер да се фотографира и дека Шпанецот на шега му одговорил:

“Сакаш фотографија? Тогаш ќе треба да платиш за неа”.